Тимот на ЧСМ Букурешт следната сезона ќе биде посилен за три вардарови ракометарки. Најавите од изминатите две седмици, денеска добија своја официјализација. Пикерот Драгана Цвијиќ, крилото Јованка Радичевиќ и бекот Андреа Лекиќ се нови ракометарки на поранешниот европски првак.
Драгана Цвијиќ потпиша едногодишен договор, додека Лекиќ и Радичевиќ се обврзаа две сезони да бидат дел од порашениот европски шампион.
Коментари