Дома Топ вести Обложувалниците нешто знаат: Ова е коефициентот за Модриќ да се пресели Манчестер Јунајтед!

Обложувалниците нешто знаат: Ова е коефициентот за Модриќ да се пресели Манчестер Јунајтед!

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок не доведе ниту еден играч, а со оглед на новите засилувања на Барселона (Дембеле, Кутињо, Паулињо, Мина…) се упатува на тоа дека Реал Мадрид во летото кое следи голема реконструкција.

Според пишувањето на британските медиуми, Нејмар, Икарди и Азар на списокот на желби на Реал Мадрид се најде и Пол Погба, но проблем е неговата соработка со Мино Раиола. (Реал избегнува соработка со контроверзниот агент)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај оваа соработка која би можела да се случи помеѓу овие два клуба, медиумите во Англија пишуваат дека многу лесно можеме да видиме и трансфер во спротивен правец.

Имено според британските обложувалници Лука Модриќ има големи шанси да премине во Реал Мадрид и коефициентот за овој трансфер изнесува само 1.35! Не е тајна дека Жозе Мурињо е голем фан на играта на Лука Модриќ и веројатно е спремен да го пушти Погба кој веќе не е во прв план за да го доведе Хрватот со кого одлично соработуваше во Мадрид.

Британските обложувалници изнесоа и коефициент за враќање на Модриќ во Тотенхем, но тој е значително поголем и изнесува 11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…