Дома Фудбал Англија Конечно добри вести и за Ренато Санчез

Конечно добри вести и за Ренато Санчез

Португалецот Ренато Санчез конечно доби и добри вести.

Младиот фудбалер не се снајде најдобро ниту во дресот на Свонси. Играше доста слабо, а потоа се здоби со повреда која го оддалечи од терените.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, пристигнаа и добри вести за 20-годишниот фудбалер. Опоравувањето од повредата ќе трае помалку од очекуваното и наскоро повторно ќе го гледаме на терените.

„Неговиот напредок е извонреден. На почетокот се претпоставуваше дека паузата ќе биде долготрајна, но верувам дека со вакво темпо ќе се врати веќе наредниот месец.“ – изјави Карлос Карвахал, менаџерот на Свонси.

Ова се секако добри вести за младиот Португалец кој имаше две тешки сезони, прво во Баерн, а сега и во редовите на Свонси.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…