Дома Фудбал Шкотска има нов селектор

Шкотска има нов селектор

Нов селектор на Шкотска е Алекс Меклиш.

59-годишниот стручњак ја прифати понудата од фудбалскиот сојуз и по втор пат во својата тренерска кариера ќе биде во оваа улога.

Во текот на 2007. година Меклиш ја предводеше Шкотска на десет натпревари и имаше добар скор – седум победи и три порази.

Меклиш беше член на репрезентацијата на Шкотска во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, играше на три Мундијали (1982,1986,1990) со вкупно 77 настапи во државниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…