Дома Трансфер зона Баерн Минхен го откупува договорот на Хамес Родригез

Баерн Минхен го откупува договорот на Хамес Родригез

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен ќе ја активира клаузулата во договорот на Хамес Родригез и целосно ќе го откупи Колумбиецот.

„Билд“, кој традицонално е упатен во трансфер политиката на баварскиот гигант, тврди дека Баерн е многу задоволен од Родригез и сака да направи се што може за да го задржи во своите редови и по истекувањето на договорот за двегодишна позајмица од Реал Мадрид.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Токму поради тоа, баварскиот клуб сака да ја искористи клаузулата во договорот, според која за 45 милиони Баерн може да го задржи 26-годишниот играч за врска во Минхен.

Минатото лето Баерн плати 10 милиони за негова позајмица, а Хамес Родригез годишно заработува 8 милиони евра во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…