Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги претстави кандидатурите за женското ракометно Европско првенство кое ќе се игра во 2022 година, а меѓу нив е и нашата земја Македонија

Македонија заедно со Црна Гора и Словенија поднесе заедничка кандидатура за големиот ракометен настан. Скопје е кандидат да биде домаќин на една од групите на првенството, а покрај нашиот главен град, тука се Љубљана, Целје и Подгорица.

Доколку Македонија го добие домаќиноството на една од групите на ЕП, натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Инспекцијата на ЕХФ ќе пристигне во Скопје во наредните месеци, а изборот ќе биде на конгресот во Глазгов во средината на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип УГД со пресврт ја освои Струмица и ги однесе трите бода

Шампионот загуби драматичен прв сет, но потоа ја совлада Струмица со 3:1 во третото коло о…