Аксел Лунд Свиндал со денешната победа во спустот на ЗОИ во Пјонгчанг стана највозрасниот освојувач на златен медал во алпските дисциплини во историјата на Олимписките игри.
35-годишниот Норвежанец триумфираше во машкиот спуст со резултат 1:40.25, пред неговиот сонародник Кјетил Јансруд, со 12 стотинки заостанување. Фаворитот број еден, Беат Фојц од Швајцарија, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова е второ олимписко злато за Свиндал, по она во супервелеслалом во Ванкувер, пред осум години. На тие ОИ има сребро од спустот и бронза во велеслалом. Неговата кариера датира уште од 2002 година, кога освои злато на јуниорското светско првенство во комбинација.