Дома Трансфер зона Венгер го одврзува кесето за млад Шпанец

Венгер го одврзува кесето за млад Шпанец

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал сака во зимскиот период да го комплетира трансферот на 21-годишниот шпански фудбалер, Маркос Љоренте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Љоренте е дете на Реал Мадрид кој моментално настапува на позајмица во Алавеш, а со своите настапи го привлече вниманието на многу европски клубови.

Венгер се „заљубил“ во Љоренте на натпреварот против Барселона каде останал имресиониран од перформансите на младиот Шпанец кој игра во средниот ред.

Сепак, на Венгер нема да му биде лесно да го донесе младиот талент на „Емирати“ бидејќи за тоа се прашува Реал Мадрид, кој нема да сака така лесно да се откаже од него.

Иначе Љоренте потекува од фудбалска фамилија, па неговиот татко Пако и дедо му Рамон Гросо своевремено исто така играа за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…