Манчестер Јунајтед како што пренесуваат англиските медиуми сериозно размислува за продажба на Шпанецот кој се обвинува дека учествувал во местењето на натпревар во Шпанија.
Обвинителството отвори истрага за натпреварот помеѓу Сарагоса и Леванте за кој се сомнева дека бил наместен и за таквото сценарио осомничени се 41 лице, помеѓу кои и сегашниот фудбалер на „ѓаволите“, Андер Ерера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен Ерера од познатите имиња обвинет е уште сегашниот капитен на Атлетико Мадрид, Габи и Ибора од Лестер.
Ерера неодамна се бранеше дека нема никаква врска со наместени натпревари и дека со задоволство чека да излезе пред судот од кој нема што да крие. Но, наводно Габи признал дека добиле одредени коверти, а наредната сезона играчите на Леванте имаа многу помали плати. Пример, искусниот Хуанфран од 650 илајди евра дојде до 600.
Судот ќе одлучи што се случувало, но целата приказна изгледа дека ги приморала луѓето во Јунајтед да размислат, па многумина тврдат дека Ерера лошо влијае на реномето на клубот и поради тоа би можел да биде продаден.
Интерес во овој момент за Ерера наводно постои од Милан, но и уште неколку шпански клубови.