Италијанскио шампион Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска во зимскиот преоден рок, а медиумите тврдат дека изборот паднал на Јаја Туре.
Имено, Јаја Туре до неодамна беше во немилост на тренерот Пеп Гвардиола, но кога се врати на натпреварот против Кристал Палас одново ја покажа својата класа и постигна два гола.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сепак, Манчестер Сити нема да се противи на неговото заминување доколку пристигне примамлива понуда, а таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус.
Тренерот Алегри по секоја цена сака да го засили средниот ред, а предноста кај Африканецот е што ќе може да настапува и во Лигата на шампиони.
Раководството на „бјанконерите“ доставиле официјална понуда до неговиот агент и му нудат двегодишен договор со 5 милиони евра по сезона.
Јаја Туре има договор со Манчестер Сити до јуни 2017 година и до овој момент нема сигнали дека ќе добие предлог за неговото продолжување, па можно е да ја прифати понудата на „старата дама“.