Нова рутинска победа, вкупно 13 за екипата на Вардар во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните беа убедливи во дуелот со екипата на Целје, која ја совладаа со резултат од 35:27.
На екипата на Целје,домаќинот дозволи само во првите пет минути да има водство, кога резултатот беше 0:1 и 1:2, по што црвено-црната машина започна да го гази противникот. Во следните десет минути игра, избраниците на Раул Гонзалес направија серија од 7:1, а во 15 минута да имаат предност од 8:3, а голманот на Вардар, Страхиња Милиќ беше одличен на голот и можеби еден од креаторите на високата предност која ја имавме по првото полувреме. Гледаве брз ракомет кое го наметнаа двете екипи, но гостинската екипа не беше ни од блиску конкурентна на нашиот шампион. Нападот функционираше на највисоко можно ниво, додека на голот, Милиќ само го зголемуваше процентот на одбранети удари кон неговиот гол. Фереира беше незапирлив во дуелите со противничките играчи, кои најчесто завршуваа со седмерец и исклучен играч кај Целје. Намали нововлезениот гостински играч, Даниел Душебаев на 12:7, но нов налет на Вардарци и серија од четири последователни голови, за највисоки 16:7. во 27 минута и тоа токму со гол на Страхиња Милиќ кој бие од својот гол и успешно го погодова празниот гол на Целје. Кога избраниците на Тамше ќе постигнеа гол, Вардар враќаше со серија од погодоци, така беше и кога намалија на 16:8, но со два бри гола на Циндриќ и еден на Кањелас, стигнавме и двоцифрена предност од 19:8. До крајот на првиот дел го одржуваме водството и на одмор заминуваме со предност од 20:10. Одличен Мартин Поповски, кој по само неколку минути игра го замени Шишкарев и имаше четири голови од исто толку удари, додека Кањелас, Дибиров и Македа постигнаа по три голови, на точно половина од натпреварот. Милиќ го најдоброто полувреме оваа сезона, забележувајќи десет успешни интервенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првите седум минути од вториот дел, Целје успева со неколку сврзани погодоци да го намали резултатот на 22:15. Сепак нововлезениот Кристопанс, кој го замени Македа на десната бековска позиција постигнува два гола и ја враќа двоцифрената предност од 25:15. Милиќ стигнува до нови четири одбрани и веќе има 14 успешни интервенции, а шанса на голот добива и младиот Даниел Ѓорѓески кој го заменува Милиќ. Вардар немаше проблем да ја одржува високата предност, а се штедеа и силите за неделниот натпревар против Пик Сегед, во рамките на Лигата на Шампионите.Конечниот резултат е 35:27 за Вардар.
Извонредна партија на голот на Вардар имаше Страхиња Милиќ со 14 одбрани. Најефикасен во нападот беше Тимур Дибиров со седум гола, а максимално прецизен беше Мартин Поповски со шест од шест. Тимот на Целје го предводеше Борут Мачковшек со 11 погодоци.
Во следното коло од регионалната СЕХА лига, Вардар на 27 февруари му гостува на ППД Загреб.