Дома Фудбал Без голови на „Маракана“: Црвена Звезда може да жали

Без голови на „Маракана“: Црвена Звезда може да жали

Иако немаше погодоци, натпреварот во Белград беше содржаен и интересен, но очигледно двете страни беа многу претпазливи пред реваншот.

ЦСКА можеше да дојде до гол уште во 10-та минута, но Борјан го запре ударот на Витин, а домаќините имаа прекрасна можност од слободен удар во 21-та минута.

Во продолжение на мечот Црвена Звезда беше подобар противник, но Акинфеев ја сочува мрежата па „црвено-белите“ без предност ќе патуваат на реваншот во Москва.

Ова беше прв и единствен меч од Лига Европа кој се играше денес, а останатите на програмата се во стандардниот термин во четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан го врати Турам: Франција со шестмина од Серија А тргнува на Италија

Маркус Турам првпат доби повик од Зинедин Зидан. Французите ги очекуваат дуели со Италија …