Дома Фудбал Останато Калиниќ и Силва добија предност: Сакав во Милан, но клубот не реагираше

Калиниќ и Силва добија предност: Сакав во Милан, но клубот не реагираше

Со доаѓањето на Јонгхонг Ли во Милан кој го купи клубот од Силвио Берлускони гигантот од „Сан Сиро“ во првиот преоден рок доведе 11 нови играчи и потроши вкупно 231 милиони евра.

Помеѓу нив беа напаѓачите Никола Калиниќ и Андре Силва кои во досегашниот дел од сезоната вкупно постигнаа 12 погодоци.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Португалецот кој беше платен на Порто 38 милиони евра постигна осум погодоци и додаде две асистенции. Тој е трет најскап играч во историјата на Милан после Мануел Руи Коста и Леонардо Бонучи (по 42 милиони евра), а одигра 27 натпревари (1.456 минути).

На другата страна е Хрватот со четири погодоци и пет асистенции и 24 натпревари (1.550 минути).

Навивачите на „росонерите“ се незадоволни од овој двоец кој целосно потфрли, а после оваа изјава на Пјер-Емрик Обамејнаг сигурно ќе бидат уште повеќе разочарани.

„Сакав да се вратам во Милан, но едноставно тие не реагираа и не можев ништо да направам по повод тоа прашање“, нагласи Обамејанг кој ова зимо направи трансфер во Арсенал.

Да потсетиме, Обамејанг како тинејџер го носеше дресот на младинските категории на клубот од Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилски голман сруши рекорд: Одигра најмногу натпревари во историјата на фудбалот, само Роналдо може да го стигне

Бразилскиот голман Фабио Деивсон Лопез Мачиел официјално стана фудбалерот со најмногу одиг…