Дома Трансфер зона Клазулата активирана – Милан го откупи Калиниќ!

Клазулата активирана – Милан го откупи Калиниќ!

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе го откупи Никола Калиниќ (30) од Фиорентина за 20 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фиорентина во летниот проеден рок го пушти хрватскиот репрезентативец за пет милиони евра на едногодишна позајмица со опција за откуп од 20 милиони евра на три рати.

Откупот стапи на сила откако Никола Калиниќ го забележа првиот официјален настап во оваа година. Лигашкиот натпревар против Кротоне Хрватот ги исполни условите и сега тој ќе биде врзан со Милан до 30 јуни 2021 година.

Сепак неговата иднина на „Сан Сиро“ и тоа како е неизвесна. Иако тренерот Џенаро Гатузо го фалеше во одредени италијански медиуми како „Калчомеркато“ управата веќе размислува за нови напаѓачки аквизиции.

Калиниќ во актуелната сезона настапи на 24 официјални натпревари, четири пати се запиша во листата на стрелци и асистираше пет пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…