Манчестер Јунајтед беше поразен во вчерашниот натпревар против Њукасл (1:0), а после натпреварот Жозе Мурињо беше искрен и ја критикуваше играта на своите избраници.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После минималниот пораз од Њукасл „црвените ѓаволи“ заостануваат 16 бодови зад лидерот Манчестер Сити.
Фудбалерите на Јунајтед имаа дури 13 удари кон голот, но сепак не успеаа да го пронајдат пато до мрежата на противникот.
„Можевме да помине и 10 часа на теренот и не би постигнале гол. Тие постигнаа гол после наша грешка. Сигурно се чуствуваат одлично бидејќи дадоа асполутно се од себе“, изјави Мурињо.
Искрен беше и дефанзивецот Фил Џонс.
„Започнавме бавно, не бевме доволно добри“, кратко изјави Џонс.