Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте во вторник ќе игра против својот поранешен клуб Јувентус во осмина финалето од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот тврди дека најмногу се радува на средбата со Дибала кој е под знак прашалник за овој натпревар поради повредата, но и без него според Љоренте, Јувентус е велесила.
„Со Дибала играв само една полусезона и тоа ми беше доволно да видам за каков фудбалер се работи. Мојот син обожава фудбал, често пати му носам дресови, но во Торино ќе се борам за дресот на Дибала. Иако се пишува дека тој е повреден, ние го очекуваме на теренот“.
„Навистина ми беше тешко кога го напуштав Јуве, Мислам дека Трезеге беше во право кога кажа дека кога ќе заминеш од клуб, разбираш каде си играл. Ми недостасува Јуве, би бил пресреќен кога би можел да се вратам“, заврши Љоренте.