Дома Фудбал Англија Венгер за респект: Ја погледнав снимката, немаше никаков фаул…

Венгер за респект: Ја погледнав снимката, немаше никаков фаул…

Познато е дека Арсен Венгер е еден од најчесните тренери, а тоа го покажа и по поразот на Арсенал од Тотенхем попладнево.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одлучувачкиот погодок го постигна Хари Кејн во 49. минута кога го скокна над Кошчелни и постигна погодок вреден три бода.

Но, некои велат дека ова е фаул…

„Беше најважно кој прв ќе постигне погодок, а ние го примивме. Кејн направи разлика, тоа е тоа што тој го прави. Ја гледав снимката, не беше фаул за Кејн. Само добра игра на шпицот. Можеме само да се гледаме себеси“, истакна Венгер.

По првите 45 минути на Вембли, Тотенхем почна да доминира и голот на Кејн дојде како резултат на тоа.

По овој меч, Тотенхем има 52 бода и е третопласиран на табелата во ПЛ, додека Арсенал се наоѓа на шестата позиција со 45 бодови на своето конто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ веќе работи, Милан може да добие големо засилување од Ливерпул

Фудбалскиот клуб Милан активно трага по засилувања во одбраната овие денови. Како ПАМЕТНО …