Дома Трансфер зона ПСЖ на лето ќе пазарува од Челзи – Одличниот играч за врска се сели во Париз?

ПСЖ на лето ќе пазарува од Челзи – Одличниот играч за врска се сели во Париз?

Иднината на Тибо Куртоа и Еден Азар на „Стемфорд Бриџ“ и понатаму е под знак прашалник.

Долго време се шпекулира дека Реал Мадрид би можел да го доведе белгискиот играч, но според најновите информации навивачите на Челзи би можеле да се плашат и од ПСЖ. Парижаните, сепак, не ги сакаат Азар и Куртоа туку играчот за врска, Н`Голо Канте. Според француските медиуми, ПСЖ како примарна мета за летниот трансфер период го идентификуваше токму 26-годишниот француски репрезентативец.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Потсетуваме, Канте стана вистинка сензација кога во 2015. година пристигна во Англија од Каен. Во својата прва премиерлигашка сезона беше еден од клучните играчи на бајката на Лестер, а откако што ја освои титулата со Лестер во 2016. година, истото го направи и минатата сезона, само што трофејот тогаш го освои во дресот на Челзи.

Меѓутоа, неговата епизода на „Стемфорд Бриџ“ наскоро би можела да заврши, бидејќи францускиот „Le 10 Sport“ јавува дека ПСЖ по завршување на сезоната ќе испрати богата понуда за Канте и ќе се обиде да го „украде“ одличниот играч од актуелниот шампион на Англија. Наводно, на „Паркот на Принвоците“, Канте го гледаат како одлична замена за Тиаго Мота кој ќе наполни 36 години на почетокот на сезоната 2018/2019.

Исто како и Реал Мадрид, и ПСЖ се споменуваше како потенцијално заинтересиран за Тибо Куртоа, но за сега изгледа дека Парижаните повеќе се заинтересирани за неговиот соиграч, одличниот Канте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…