Лестер е подготвен да го продаде Ријад Марез, но само под еден услов.
Алжирскиот репрезентативец се поврзуваше со Манчестер Сити и Арсенал, а во последно време не ни играше, а ниту тренираше со Лестер токму поради тоа што клубот не сака да го пушти во редовите на споменатиот великан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лестер како што пишува ЕСПН, сепак одлучи да го продаде на крајот на сезоната, но не во Сити, Арсенал или некој друг англиски клуб, туку исклучиво во странство.
Сити нудеше 65 милиони фунти за крилниот играч, но Лестер ги осби сите понуди и сака да го продаде само надвор од Англија.
Секако, за нешто се прашува и Марез, па ќе бидиме дали тој ќе има желба да замине од Островот и дали може некој германски, италијански или шпански клуб да му го понуди она што го има во Англија.