Дома Фудбал Останато Се огласи Ерера: Никогаш не сум наместил натпревар!

Се огласи Ерера: Никогаш не сум наместил натпревар!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера се огласи во јавноста откако се појавија информациите дека учествувал во местење на натпреварот помеѓу Сарагоса и Леванте во 2011 година.

Под истрага е споменатиот натпревар во кој Сарагоса славеше со 2:1 и така обезбеди опстанок во Примера.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Како што кажав и во 2014 година, никогаш не сум имал ништо со местењето натпревари. Со задоволство ќе сведочам дека сум чист како солза. Го сакам фудбалот и верувам во фер-плејот, како на теренот така и надвор од него“, објави Ерера во соопштението.

Покрај Ерера осомничени се уште петмина фудбалери помеѓу кои и сегашниот капитен на Атлетико, Габи Фернандес, кој бил стрелец на двата погодоци во тој натпревар.

Обвинителството на Шпанија претходно објави документ во кој се наведува дека Срагоса и платила 965.000 евра на играчите на Леванте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер заработил бизарна повреда во својот дом, ќе пропушти два големи дерби натпревари

Играчот на Челзи, Кол Палмер, доживеа повреда што ќе го оддалечи од фудбалските обврски во…