Дома Фудбал Санчез само што пристигна, а веќе руши рекорди – ова не му успеало ниту на „подвижен билборд“ каков што е Ибра

Санчез само што пристигна, а веќе руши рекорди – ова не му успеало ниту на „подвижен билборд“ каков што е Ибра

Манчестер Јунајтед оваа зима барем на финансиски план одработи одлична работа.

Имено, „црвените ѓаволи“ објавија дека најновото засилување Алексис Санчез го срушил рекордот по бројот на продадени дресови од доаѓањето на „Олд Трафорд“.

Чилеанецот пристигна од Арсенал овој јануари и продаде три пати повеќе дресови од претходниот рекорд на клубот од Манчестер.

Освен овој профитабилен учинок, 29 годишникот според зборовите на потпретседателот Ед Вудворд овој трансфер предизвикал и огромен интерес на друштвените мрежи.

„Овој трансфер беше најголема објава на Инстаграм со повеќе од два милиони лајкови и коментари. Исто така статусот на Фејсбук беше споделен најмногу пати во историјата на клубот, а твитот беше најмногу пати ре-твитуван“, изјави Вудворд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…