Дома Трансфер зона Откриено: Руски клуб можел да го купи Нејмар за само 10 милиони!

Откриено: Руски клуб можел да го купи Нејмар за само 10 милиони!

Претседателот на Локомотив Москва, Николај Наумов откри интересна сторија поврзана со најскапиот фудбалер на светот Нејмар.

Наумов откри дека пред десет години можел да го купи Бразилецот (тогаш 16-годишен) за само 10 милиони евра. Меѓутоа, Локомотив се откажал од трансферот и решиле да вложат во талентот Алан Гатагов.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 2008 година младинскиот тим на Локомотив губи во финалето на „Мадитеранен Куп“ од Сантос, каде тогаш настапуваше 16-годишниот Нејмар.

„Размислувавме дали се исплати да го донесеме или не. Сакавме да го купиме, бидејќи нашите скаути го следеа Нејмар. Меѓутоа имавме големи сомнежи – прво беше премногу млад, а второ не беше јасно како ќе се адаптира на Русија“, открива претседателот на Локомотив.

„Притоа беше многу кревок и слаб. Поради тоа одлучивме да не го купуваме, а ќе чинеше точно 10 милиони евра. Тоа воопшто не беше мала сума за дете од друг континент, па затоа внимававме“, додаде Наумов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона не се откажува од Леао

Барселона е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесува каталонски…