Дома Фудбал Англија Му се смее цела Англија! Елнени: Можеме да го стигнеме Сити

Му се смее цела Англија! Елнени: Можеме да го стигнеме Сити

Египетскиот играч за врска Мохамед Елнени тврди дека Арсенал се уште има шанси да го стигне Манчестер Сити и да ја освои шампионската титула во Премиер лигата.

Ова Елнени го тврди во ситуација кога „топџиите“ се шестопласирани со дури 24 бода заостаток, а има само 12 натпревари до крајот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ништо не е невозможно во Премиер лигата. Се уште имаме шанси да ја освоиме шампионската титула. Мораме да се бориме до крај, бидејќи во секој момент може да се случи изненадување. Доколку не успееме да ја освоиме титулата оваа сезона, ќе се спремиме за следната“, изјави Елнени.

Очигледно дека после доаѓањето на Михтаријан и Обамејанг вадее голема еуфорија во Арсенал, но ова е навистина премногу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси во Мајами го запозна човекот по кого го добил своето име Леонел: Мајка ми ќе биде пресреќна

Лионел Меси не крие дека ужива во животот во Соединетите Американски Држави и речиси секој…