Дома Фудбал Севиља ја зазема првата финална позиција во Купот на Кралевите (ВИДЕО)

Севиља ја зазема првата финална позиција во Купот на Кралевите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севиља се првите финалисти во Купот на Кралевите откако денес славеа над Леганес со 2:0.

По ремито изминатата недела 1:1, Севиља денес пред своите навивачи успее да се наметне како фаворит.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Веќе во 15. минута Кореа ја искористи одличната асистенција и погоди за 1:0.

Неизвесноста траеше буквално до самиот крај на мечот, Леганес се обидуваше да дојде до продолженија, но потоа Васкез во 89. минута по асистенцијата на Рамирез ги постави конечните 2:0.

Севиља во финалето на Купот ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу Валенсија и Барселона која на програмата е утревечер во 21:30.

Каталонците ја бранат предноста од домашен терен 1:0 и се големи фаворити да стигнат до четвртото врзано финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола воодушевен од играч на Реал Мадрид – нема да верувате кого издвои

Манчестер Сити го победи Реал Мадрид со 2:1 на Сантјаго Бернабеу во средата во натпреварот…