Дома Трансфер зона Сараево доби нов Македонец, Алтипармаковски соиграч на Велковски

Сараево доби нов Македонец, Алтипармаковски соиграч на Велковски

Фудбалскиот клуб од Босна, ФК Сараево во своите редови доби нов Македонец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Сараево веќе настапува Крсте Велковски, а сега него му се придружува и напаѓачот кој своевремено го носеше дресот на битолски Пелистер, Марјан Алтипармаковски.

Алтипармаковски денес беше претставен во Сараево и го искажа своето задоволство.

„Доаѓам во голем клуб и поради тоа ова за мене е вистински предизвик. Со напорна работа се надевам дека ќе му помогнам на клубот“, изјави Алтипарамаковски на претставувањето.

Македонецот во редовите на босанскиот клуб пристинува од Судува од Литванија.

Од трансферот на Алтипармаковски беше задоволен и Велковски.

„Марјан има одличен карактер и знам дека ќе даде се од себе за овој клуб“, изјави Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…