Градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во летото кое е пред нас би можеле да водат голема борба на трансфер пазарот.
Шпанскиот „Дон Балон“ пренесува дека Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо се заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според овој медиум Ракитиќ веќе добил понуди од Сити и Јунајтед, но и имал разговори со Мурињо и Гвардиола.
Како причина поради која Хрватот би можел да го напушти „Ноу Камп“ се наведуваат се подобрите настапи на Серхио Роберто и доаѓањето на Фелипе Кутињо.
Ракитиќ оваа сезона одигра 35 натпревари во кои постигна три погодоци и запиша четири асистенции. Неговиот договор со Барселона истекува во 2021 година.