Дома Фудбал Официјално: Куман седна на кормилото на Холандија!

Официјално: Куман седна на кормилото на Холандија!

Легендата на холандскиот фудбал, Роналд Куман денес и официјално беше именуван за нов селектор на „лалињата“.

Холандија е без селектор од ноември кога Дик Адвокат си поднесе оставка по неуспехот да избори пласман на Светското првенство во Русија.

Довербата да ги врати „лалињата“ таму каде што припаѓаат ја доби 54-годишниот Роналд Куман, кој има исклучително богата тренерска кариера.

Последниот ангажман му беше во Евертон од каде беше ослободен пред два месеци, а во кариерата уште ги предводеше Ајакс, Валенсија, Бенфика, ПСВ, Феенорд, АЗ и Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед и Челси тргнале по Батурина, Комо поставил скапа пречка

Англиските медиуми тврдат дека двата клуба веќе контактирале со Комо, но процените за вред…