Дома Фудбал Англија Осми ден, а од Марез, ни трага, ни глас, менаџерот јасен: Не ме инетересира каде е

Осми ден, а од Марез, ни трага, ни глас, менаџерот јасен: Не ме инетересира каде е

marez

Алжирецот не попушта и никаде не се појавува.

Да потсетиме, Манчестер Сити во последниот ден од проеден рок испрати понуда од 65 милиони фунти и одреден играч за Алжирецот, но од Лестер ја одбија оваа понуда и практично не му дозволија на Марез да го оствари својот сон.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради тоа од Марез веќе осми ден, нема ни трага, ни глас. Го нема на тренинзите, едноставно исчезна. Клубот реагираше така што започна преговори со неговите застапници со цел да го убедат да се врати, но доколку тоа би го направил и утре јасно е дека нема да биде во составот за саботното гостување кај Манчестер Сити.

Тренерот на Лестер, Клод Пуел не сака да се занимава со Алжирецот.

„Не се занимавам со Ријад. Се занимавам со играчите кои ги имам на располагање. Сакам да ја задржиме позитивната атмосфера во соблекувалната и да се сконцентрираме на теренот“, изјави Пуел.

Навивачите му го свртеа грбот, тренерот исто така, а островските медиуми уште пред завршувањето на преодниот рок пишуваа дека екипата не е најсреќна поради однесувањето на Марез.

Марез многу веројатно повеќе нема да игра за Лестер, веројатно и не сака. Но и во случај да сака прашање е дали тренерот на „лисиците“ ќе му го прости ваквото однесување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити го добива судскиот спор и нема да биде казнет

Англиските медиуми најавуваат дека Манчестер Сити најверојатно ќе го добие судскиот спор п…