Дома Фудбал Останато Роналдо за Нејмар: Има се што е потребно за да ја освои „Златната топка“

Роналдо за Нејмар: Има се што е потребно за да ја освои „Златната топка“

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо го искажа своето мислење за својот сонародник од ПСЖ, Нејмар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според Роналдо, Нејмар е среќен во Париз и има се што му е потребно за да стане најдобар во светот.

„Не сум разговарал со Нејмар, но сметам дека е среќен во Париз, сигурен сум дека има се што му е потребно. Париз е неверојатен град, а неговиот тим игра одлично. Кога е слободен и среќен тогаш игра одлично и постигнува прекрасни голови, тој знае како да ги забавува навивачите“.

„Се приближува до освојување на „Златната топка“. Но, освојувањето на оваа награда зависи и од успехот на тимот. Оваа година ќе биде важна за него, но и за Бразил. Доколку постигнеш гол во финалето на СП тогаш имаш големи шанси да бидеш најдобар играч на турнирот, а со тоа многу лесно би стигнал и до „Златната топка“, смета Роналдо кој сигурно најдобро знае како се освојуваат најголемите награди.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед добива еден од најдобрите во Премиер лигата, но мора да плати 85 милиони евра

Вест Хем е подготвен да го продаде Матеус Фернандеш во текот на летниот преоден рок, но са…