Дома Фудбал Пике: Оваа прослава на гол е најмалку што можев да направам

Пике: Оваа прослава на гол е најмалку што можев да направам

Фудбалерите на Барселона претходниот викенд ремизираа на гостувањето против градскиот ривал Еспањол (1:1) во натпревар од 22. коло од шпанската Ла Лига.

И покрај тоа што екипата на Валвреде не успеа да запише победа и натаму има предност од 19 бодови во однос на Реал Мадрид, кој ден претходно одигра 2:2 против Леванте. Барса беше пред пораз против градскиот ривал, но бод им донесе Пике во финишот на натпреварот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пике константно беше на удар на навивачите на Еспањол, а неговата прослава на голот уште толку ги налути. “Војната“ меѓу Пике и навивачите на Еспањол трае веќе некое време, а Еспањол бараше играчот на Барса да биде казнет за прославата на голот. Сепак, Пике тврди дека тоа е најмалку што можел да направи откако навивачите на Еспањол ја навредувале неговата сопруга.

„Прославата? Па тоа е најмалку што можев да направам после тие навреди против мене и моето семејство.“ – изјави Пике

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако пред девет години Пеп Гвардиола ја презеде …