Дома Фудбал Италија Си го „потпиша“ ли Спалети отказот? – Против ваков Јувентус не можете да освоите ниту чинија грав!

Си го „потпиша“ ли Спалети отказот? – Против ваков Јувентус не можете да освоите ниту чинија грав!

Лучијано Спалети никогаш не знаеше да молчи, а после оваа изјава можеби деновите во Милано му одбројани.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите во Италија се преплавени од разговорот на Лучијано Спалети со неколку навивачи пред натпреварот помеѓу Интер и неговиот поранешен клуб. Тие успеале да го сретнат пред еден ресторан, го запреле, а тој им објаснил некои работи.

Тоти не можеше да трча поради тоа не можев да го пуштам да игра, неговото трчање влијае депресивно на останатите“, го објасни Спалети својот однос со легендата на Рим, а потоа откри и зошто си заминал.

„Ми кажаа, пред сите претседателот Палота дека повторно ќе ги продадат најдобрите играчи, а ние завршивме на втората позиција пред Наполи, што е голем успех. Не можев да излезам пред играчите и да им кажам дека и следната сеозна ќе имаат шанси да победуваат, не можев да ги лажам“, зборувал

Ситуацијата не е мнгоу променета и сега во Интер.

„Како ми е тука? Не сакаат да трошат пари, секогаш сме на чекор од депресија и лудило, слично како во Рома. Ни ваму, ни таму, не разбираат дека против ваков Јувентус кој има два одлични тима на располагање не можат да добијат ниту чинија грав, а не Скудето“, искрен беше Спалети.

Сето ова стигнало до медиумите во Италија, па сигуирно дека притисокот врз Спалети сега ќе биде огромен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…