Вардар стигна до прва победа во 2018 година, откако вечерва во Прешов, ја совлада екипата на Татран. Црвено-црните во второто полувреме го скршија отпорот на противникот, кога му дозволија да постигне само 7 голови, напротив Вардар кој постигна 16 голови. Ова е вкупно 12-сета победа за Вардар во ова натпреварување, со која теоретски обезбедивме нов пласман на завршниот турнир. По завршување на мечот, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати тренерот, Гонзалез кој го изјави следново:
-Ова беше многу тежок натпревар за нас. Знаевме дека Татран е многу опасен во двете фази, и во одбрана и во напад, посебно на домашен терен. Во првиот дел не бевме доволно добри, но подоцна се подобривме. Одзедовме неколку топки и постигнавме лесни голови. Во последните десетина минути работите функционираа перфектно и за наша среќа победивме и среќни сме заради тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристопанс одигра одличен меч и постигна пет голови, истакнувајќи дека во второто полувреме Вардар играл подобро.
-Имавме мала криза во првиот дел, но по неколку грешки на Татран, во вториот дел беше подобро. Работите ги решивме дури во последните десетина минути. Честитки за екипата на Татран.