Трагична вест го потресе фудбалскиот свет! Се сруши авионот кој ги пренесуваше фудбалерите на бразилскиот клуб Шапекоенсе кои требаше да играат финале во Копа Судемерикана.
Преживеани има, сеуште не се знае точниот број но медиумите шпекулираат дека помеѓу 6 и 8 луѓе го преживеале падот. На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи, а преживеаните веднаш биле пренесени во болница.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Фудбалерите на бразилскиот клуб Шапекоенсе требаше утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.
Во медиумите се појавија последните слики кои биле направени во авионот пред неговото рушење. Голманот Алан Рушел објави на Инстаграм слика, а медиумите пренесуваат дека токму тој е меѓу преживеаните.