Фудбалерите на Пари Сен Жермен го продолжуваат походот кон титулата во Франција
Избраниците на Унаи Емери славеа на гостувањето кај екипата на Лил во рамките од 24 коло во Лига со резултат 0:3 (0:1).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ до предност стигна во судиското продолжение од првиот дел кога Кавани одлично спушти од Јуриј Берчиче, а поранешниот фудбалер на Сосиедад со прецизен удар го матираше голманот на Лил.
Во вториот дел се играше 77 минута кога Нејмар го постигна својот 18 гол во француското првенство. Одлично ги изведе слободниот удар од работ на казнетиот простор и ја собра „пајажината“ од аголот на голот.
Конечниот резултат го постави Аргентинецот Ло Селсо по асистенцијата од Ласана Диара која денес дебитираше во дресот на „светците“. Младиот фудбалер одлично го лобуваше голманот на Лил.