Дома Фудбал Италија Наинголан ги „купи“ фановите: Не би ја напуштил Рома ниту за еден тон пари

Наинголан ги „купи“ фановите: Не би ја напуштил Рома ниту за еден тон пари

Раџа Наинголан е еден од поинтересните фудбалери во светот на фудбалот и секогаш го привлекува вниманието на медиумите со своите изјави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот откри дека добил големи понуди од Кина оваа зима.

„Многу сум среќен во Рома и немам причини да ја напуштам. Имам се што ми е потребно, а во тие ситуации ниту еден тон пари не би ме натерале да го променам мислењето“, зборуваше Наинголан.

Потоа тој ја објасни својата поврзаност со „волчицата“.

„Би можел да потпишам доживотен договор со Рома. Кажав веќе дека за мене не постојат многу други клубови. Освен, секако ако еден ден клубот одлучи дека повеќе не сум потребен. Среќен сум тука, а за мене тоа е најважно“, изјави Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…