Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед би можел во јануари да добие големо засилување во дефанзивната линија и да го донесе Хосе Марија Хименез од Атлетико Мадрид.
21-годишниот стопер оваа сезона го загуби местото во првиот тим бидејќи Симеоне повеќе му верува на тандемот Савиќ – Годин, но Хименез важи за еден од најталентираните млади дефанзивци во светот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Мурињо по секоја цена сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок и во Хименез гледа идеално засилување.
Медиумите на Островот тврдат дека „црвените ѓаволи“ веќе почнале да работат на трансферот и спремиле понуда од 50 милиони евра за Уругваецот.
Доколку Атлетико Мадрид ја одбие оваа понуда Манчестер Јунајтед е спремен да ја активира откупната клаузула во договорот која изнесува 60 милиони евра.
Потсетуваме, Ерик Баи после рехабилитацијата од повредата ќе замине на Куп на африкански нации и нема да биде во тимот се до февруари, па Мурињо мора да донесе засилување на таа позиција.