Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е на добар пат да донесе големо засилување за наредната сезона.
Имено, спортскиот директор Пјеро Аусилио отпатувал во Аргентина да го финализира трансферот на напаѓачот на Расинг, Лаутаро Мартинез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за 20-годишен напаѓач кого во татковината го нарекуваат „новиот Милито“, а во досегашниот дел од првенството на 6 меча постигна 4 гола и запиша 2 асистенции.
За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти меѓу кои Атлетико и Реал Мадрид, но наводно Мартинез го одбрал Интер, а пресудна улога одиграл Хавиер Занети.
Напаѓачот треба да пристигне во Интер следното лето и да потпише 5-годишен договор, а финасиските детали од зделката се уште не се познати.