Дома Фудбал Англија Нови проблеми за „Топчиите“: Дебито на Обамејанг се оддолжува

Нови проблеми за „Топчиите“: Дебито на Обамејанг се оддолжува

Фудбалерите на Арсенал утре играат на домашен терен против Евертон во рамки на 26. коло во Премиер лигата.

„Топчиите“ беа многу активни во јануарскиот преоден рок, а последниот ден на „Емирати“ стигна и Пјер Емерик Обамејанг. Откако Алексис Санчез го напушти Арсенал, лондонскиот тим тргна во потрага по негова замена и според се судејќи не можеа подобро да минат.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Обамејанг вчера го одработи првиот тренинг со новата екипа, но сите се запрашаа дали утре ќе дебитира во дресот на Арсенал. Тренерот, Арсен Венгер истакна дека тој не е потполно подготвен, и дека има проблеми со грипот. Но, конечните вести ќе бидат познати утре.

„Тренираше вчера, но се уште не е подготвен. Дојде со грип и не се чувствува најдобро. Ќе видиме со лекарскиот тим дали ќе биде подготвен за утре. Тој има голема желба да заигра, но утре ќе знаеме повеќе за тоа“, истакна Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…