Ријад Марез веќе два дена не се појавува на тренинзите на Лестер, откако англискиот клуб одби да го продаде во јануарскиот преоден рок во Манчестер Сити.
Марез по третпат побара трансфер од клубот бидејќи верува дека е подготвен на нов чекор во кариерата, но сопствениците на Лестер уште еднаш го изневерија. Алжирецот беше сигурен дека кариерата ќе ја продолжи во Сити, но „Граѓаните“ се откажаа откако Лестер ги одби трите понуди и константно ја зголемуваше цената за Марез.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На крајот Лестер успеа да го задржи Марез, но алжирскиот фудбалер одлучи да ги бојкотира поради што не се појави изминативе два дена на тренинзите. Марез во последните три преодни рока беше на чекор од заминување, но секогаш, Лестер намерно спречуваше.
На сметка на Марез почнаа да се шегуваат и неговите соиграчи од Лестер кои веќе му го дадоа надимакот „Виктор Наворски“. Тоа е лик од филмот Терминал, кој го глуми Том Хенкс, а кој е заглавен на аеродромот откако не успеа да влезе во Америка.
Слична судбина има и Марез кој веќе постојано да се труди да го напушти клубот. Најпрво чекираше за летови за Мадрид и Париз, а откако пропадна на крајот ништо подобро не мина ниту „летот“ за Манчестер.