Дома Фудбал Англија Конечно заминување на Арсен Венгер од клупата на Арсенал

Конечно заминување на Арсен Венгер од клупата на Арсенал

Францускиот стратег, Арсен Венгер би можел конечно да ја напушти клупата на Арсенал.

Венгер на клупата на „Топчиите“ е повеќе од две децении. Клубот го презеде во 1996. година, но навивачите на лондонскиот клуб веќе одамна бараат негово заминување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа на крајот на сезоната би можело и да се случи. Иако со договор за клубот е врзан до 2019. година, Французинот како што се наведува се повеќе размислува за заминување од Арсенал и клубот конечно би можел да добие нов менаџер.

Според информациите на англиските медиуми, најблиску до екипата од „Емирати“ е актуелниот селектор на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев. Тој најави заминување од местото по СП во Русија, па оттаму е се поблиску до Арсенал.

Иако Лев порано се поврзуваше и со Реал Мадрид, од тоа нема да има ништо. Тој, како што стојат работите ќе добие шанса во тимот од Лондон кој ќе се обиде да го донесе до титулата по 2004. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…