Дома Фудбал Англија Гвардиола: Добро е што не го купивме Марез, задоволен сум со тимот!

Гвардиола: Добро е што не го купивме Марез, задоволен сум со тимот!

Манчестер Сити во последниот ден од јануарскиот преоден рок со сите сили се обиде да го ангажира Ријад Марез, меѓутоа обидите на „граѓаните“ беа безуспешни.

„Граѓаните“ се обидоа со неколку понуди, но откако беше одбиена и последната „тешка“ 70 милиони евра, Сити и дефинитивно се откажа од Марез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола по вчерашниот натпревар против ВБА потврди дека се обидел да го донесе Марез и му се заблагодари на клубот што не прифатил да плати 100 милиони и се откажал од Алжирецот.

„Искрено му се воодушевувам на мојот клуб што постави граници и што ги почитуваше. Браво за мотие директори што не го купија Марез, можеби во иднина ќе трошиме и по 100 милиони евра за фудбалери, тоа би морале да биде исклучителни играчи, но во моментов не можеме да си го дозволиме тоа“, истакна Гвардиола.

„Се обидовме да го доведеме и минатото лето, но тие ни ја заклучија вратата, баш како и сега.Тоа е пазарот, не можеме секогаш да ги доведеме играчите што ги посакуваме, некогаш другиот клуб бара повеќе пари од она што ние можеме да го платиме. Во секој случај, јас сум задоволен од тимот што го имам на располагање“, заклули каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…