Дома Трансфер зона Атлетико се „чисти“: Искусниот Аргентинец заминува во Кина

Атлетико се „чисти“: Искусниот Аргентинец заминува во Кина

atletico

Аргентинецот ги напушти „јорганџиите“ после две години, од кои скоро една цела пропушти поради повредата на коленото.

Тимот на Атлетико Мадрид на сите можни начини се обидува да дојде до пари со кои би избегнал казни од финансискиот фер плеј, па продаваат се што можат да продадат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Искусниот фудбалер за врска, Агусто Фернандез преминува во кинескиот Пекинг Рен за оштета од 4.5 милиони евра. Тоа е само пола милион повеќе за сумата која Атлетико пред две години ја плати на Селта.

Фернандез во септември 2016 година доживеа тешка повреда на коленото, па мораше да паузира скоро една година.

Оваа сезона одигра 10 натпревари, од кои пет во Примера, но реално за него повеќе место во овој тим на Диего Симеоне немаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Депај повторно ќе бара нов клуб

Како што стојат работите, Мемфис Депај во новата сезона ќе има нов клуб. Откако не успеа д…