Крај на сагата за Ријад Марез!
Тимот на Лестер беше „тврд орев“ но изгледаше дека Манчестер Сити и Гвардиола се доволно упорни да ги убедат „лисиците“ да го пуштат Алжирецот на „Итихад“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити беше упорен, по вчерашните две понуди денес пристигна и трета која изгледаше доволно добро и примамливо, но не и за управата на Лестер.
Последната понуда која Манчестер Сити ја испрати гласеше – 65 милиони фунти, плус играч, но одговорот на „лисиците“ беше шокантен. Имено, тие за својот фудбалер бараа огромни 90 милиони фунти.
Самиот фудбалер е бесен поради оваа ситуација и однесувањето на управата на неговиот клуб, а изгледа дека неговата лутина ќе кулминира после последната вест објавена на Островот.
Според, „Скај Спорт“ тука е крајот на сагата и Ријад Марез и после овој преоден рок ќе остане фудбалер на Лестер.
BREAKING: Manchester City are walking away from a potential deal to sign Riyad Mahrez. He'll stay at Leicester. (Source: SkySports) #DeadlineDay pic.twitter.com/Hx3DnbIdL4
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 31, 2018