Иако во текот на целиот трансфер период се зборуваше дека Ријад Марез кариерата би можел да ја продолжи во Арсенал, се чини дека тоа на крајот нема да се случи.
Марез, кој повторно игра фантастично во дресот на Лестер, веќе нема намера да го носи дресот на „Лисиците“ и побара трансфер пред истекот на рокот за трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како гром од ведро небо, во трка се вклучи Манчестер Сити кој веднаш испратил понуда вредна 55 милиони фунти, пренесува британски Скај Спорт.
Запрашан дали неговиот клуб испратил понуда за Марез, Гвардиола одговори:
„Моментално не е време да зборуваме за тоа. Доста е комплицирано.“ – изјави Шпанецот.
Да потсетиме, Граѓаните вчера го комплетираа трансферот на дефанзивецот Лапорта за рекордни 57 милиони фунти.
Доколку го донесат и Марез, прашање е колку тој ќе игра со обзир на жестоката конкуренција во средниот ред, но сигурно во овој период добро ќе им дојде поради отсуството на повредениот Сане.