Арсенал вечерва ги разочара своите фанови, со поразот на гостувањето јкај Свонси од 3:1, но расположението кај фановите би требало да го поправи пристигнувањето на Пјер Емерик Обамејанг од Дортмунд, што медиумите во текот на целиот ден го најавуваат како реализиран договор.
Работата, сепак не е официјализирана, па новинарите веднаш по мечот му поставија прашање на Венгер на таа тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се ќе знаеме утре изутрина“, кратко одговори Венгер.
Стратегот на Арсенал изненади што вечерва во составот го остави Оливие Жиру, кој треба да премине во Челзи. Францусскиот напаѓач влезе во игра во второто полувреме, при водството од 2:1 за домашните, но не успеа да донесе пресврт.
По мечот замина кај навивачите на Арсенал ги поздрави, што е уште една потврда дека Жиру вечерва го одигра својот последен меч во дресот на „Топчиите“.
А, што вели Венгер?
„Можно е, но како што реков се ќе се знае утре изутрина. Ќе ве известиме кога се ќе биде дефинитивно“, истакна Венгер пренесува Скај Спорт.
Giroud heads over to the Arsenal fans at full-time – It certainly looked like a goodbye. pic.twitter.com/06KUVQ92BE
— Charles Watts (@charles_watts) January 30, 2018