Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Севиља започнале преговори за трансфер на хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.
Брозовиќ оваа сезона не добива голема минутажа кај Спалети, а со доаѓањето на Рафиња таа додатно ќе се намали, па и самиот посака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него интерес покажаа неколку клубови од Премиер лигата, но најконкретен е инетресот на Севиља.
Имено, тренерот Монтела добро го познава Хрватот и смета дека идеално ќе се вклупи во неговиот тим, па двата клуба започнале преговори.
„Скај Спорт“ пренесува дека двете страни се блиску до договор и Брозовиќ би можел да се пресели во Севиља на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп од 25 милиони евра.
#Brozovic, l'#Inter tratta con il #Siviglia. Può andare in prestito con diritto di riscatto a 25 milioni @SkySport #Calciomercato
— Manuele Baiocchini (@ManuBaio) January 30, 2018