Екипата на Арсенал се очекува во секој момент да го официјализира трансферот на Пјер Емерик Обамејанг од редовите на Борусија Дортмунд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ваквиот епилог, би го преселил на клупата Оливие Жиру кој пак, се чини е се поблиску до трансфер во најблиското соседство.
Имено, Островските медиуми менуваат дека Французинот ќе биде дел од Челзи во следниот период, со оглед на тоа дека денес и официјално беше познато дека „Плавите“ не успеаа да постигнат договор со Един Џеко.
Жиру секако премина во втор план кај Венгер, со пристигнувањето на Лаказет и поголемата минутажа која ја доби и Дани Велбек, па оттаму Французинот на „Стемфорд Бриџ“ ќе се пресели за сума од 20 до 30 милиони фунти.