Дерби натпреварот во Лига 1 се одигра вечерва помеѓу Марсеј и Монако, кој заврши без победник (2:2).
Натпреварот започна добро за гостите, кои во 4 минута дојдоа до водство со голот на Кеита. Радоста на фудбалерите на Монако траеше само три минути, кога Рами погоди за израмнување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Две минути игра во вториот дел беа потребни Марсеј да направи комплетен пресврт. Се играше 47. минута кога Жерман погоди за водство на домаќините со 2:1, но четири минути подоцна Фабињо со многу среќа направи ‘слалом’ низ одбраната и погоди за 2:2.
Тешко е да се каже на кој највеќе му одговара овој резултат, бидејќи и Марсеј и Монако го зголемија заостанувањето во бодовна разлика зад лидерот ПСЖ. Парижаните се најголеми добитници после ова коло кои повторно имаат двоцифрена преднос во однос на конкурентите.