Дома Фудбал Италија Скратени крилата на Лацио: „Росонерите“ го врзаа третиот триумф

Скратени крилата на Лацио: „Росонерите“ го врзаа третиот триумф

Лацио го доживеа првиот пораз во 2018. година на гостувањето кај Милан.

„Росонерите“ славеа со 2:1, го врзаа третиот триумф во низа и сега визиите за заминување во Европа звучат далеку пореално.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По десетина минути игра, Чалханоглу ја имаше првата можност на мечот, Штракос со фантастична интервензија го спречи неговиот обид, но пет минути подоцна, Милан сепак поведе.

Чалханоглу изведе прекин од левата страна, Кутроне побегна и лесно постигна погодок во противничката мрежа.

Меѓутоа, Лацио возврати експресно. Луис Алберто ја спушти на гради топката на Леива, тој одлично одигра на прва за Марушиќ, кој пак успеа да го изненади Донарума.

Во финишот на првото полувреме Штракос го скроти ударот на Чалханоглу, меѓутоа тоа беше увертира за ново водство на пулените на Гатузо.

Минута пред полувремето, Бонаветура испрати центаршут, а Калабри зголеми на 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…