Црногорскиот интернационалец Божо Анѓелиќ по само шест месеци си замина од Металург и се врати таму од каде што дојде, во Унгарија. Тој веќе беше промовиран како нов ракометар на Ференцварош.

Средниот бек потпиша договор на година и пол и ќе се обиде да му помогне на овој тим да обезбеди опстанок во најквалитетната унгарска лига.


„Среќен сум што сум овде, слушнав многу убави работи за клубот. Моите први впечатоци се навистина позитивни, момците се одлични, салата изгледа сјајно и морам да признаам дека не очекував ваков прием. Дојдов заедно да направиме многу за клубот и верувам ќе успееме.“ – истакна Анѓелиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Дибиров: Во Вардар не играв за пари, туку од љубов – се чувствував како НБА ѕвезда!

Една од најголемите легенди на Вардар Тимур Дибиров, овој месец ќе ја затвори страницата н…